Кои се причините: Над 24% од пациентите со ковид 19 кои биле вакцинирани, починале.
Foto

Кои се причините: Над 24% од пациентите со ковид 19 кои биле вакцинирани, починале.

Зошто и вакцинирани со две дози умираат од коронавирус. Имунолозите како клучни фактори ги наведуваат хроничните болести, ефикасноста на вакцините која со текот на времето се намалува, разликата во степенот на заштита кај различни производители, имунолошкиот систем кој со годините слабее, но и новата мутација од делта сојот за кој не беа предвидени вакцините. 

Извештајот на Министертвото за здравство покажа дека од 105 починати меѓу 8 и 14 октомври -75% биле невакцинирани, а скоро 25 %, односно 26 заболени биле вакцинирани. Двајца со Фајзер, тројца со Астра Зенека, четворица со Синовак и 17 примиле Синофарм. 

Токму од тие причини за тие што примиле од кинеските вакцини се препорачува трета доза за три месеци. 

Со 35% вакцинирани со две дози, опфатот со вакцинација е се уште низок. Најмногу вакцинирани има во Охрид, Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Ресен, а најмалку во Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.

 

0 Коментари

Остави коментари