Кои се мотивите за тешката трагедија, поединци да го користат за ширење на говор на омраза?
Македонија е во жалост, се чекаат резултатите од истрагата на автобуската несреќа која ни предизвика чемер и јад. Кои се мотивите тешката трагедија и жалењето за жртвите поединци да го користат за ширење на говор на омраза, етнички поделби или политички поенти? Граѓаните со несебичните понуди за престој, крв и реакциите на местото на несреќата покажаа дека се луѓе, кои се мотивите за злоупотребата на хуманоста. Дебатираме со социологот Славе Младенов и пратеникот Рубин Земон.