Кои се фирмите што ги тресе МВР и ОЈО за даночни измами?

 

Ниту Обвинителството ниту МВР не излегува со информации кои се фирмите кои се дел од големата акција на полицијата. Велат, станува збор за предистражна постапка, а таа е тајна.

-По доставено известување од страна на МВР за сознанија до кои дошла УЈП, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279 „даночна измама“ по член 279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик на група субјекти. 

Се огласи министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска преку пост на својот Фејсбук профил им се заблагодарува на сите што учествуваа во вчерашната акција во Струмица и во други градови во земјава за откривање сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал.