Кога ќе се решат пропустите во образованието?
Недоизградени факултетски згради, стручна литература што скапува, студентски домови пуштени во употреба „на диво“ без одобрение за употреба. За дел од алармантните пропусти кои ги отрки државниот ревизор ќе треба време додека се отстранат вели министертката за образование Весна Јаневска.
Ревизорот откри дека студентскиот дом во Тетово, за кој биле потрошени над 3 милиони евра државни пари бил пуштен без одбрение за употреба со низа пропусти....... Министерката Јаневска велиде дека поради проблеми со вентилацијата кујната во домот и покрај тоа што е опремена не функционира, па менаџментот ќе мора да продолжи да набавува храна за студентите од надворешни фирми...
Освен тоа ревизорите го нотираа и стипендирањето на студенти за кои биле исплатени речиси три милиони евра во 2023 година, без постоење систем за нивно ангажирање по завршувањето на студиите.
Ревизорскиот извештај денеска предизвика и партиски реакции од владиниот коалициски партнер Вреди Извештајот кој се однесува на 2023 година е директно ‘обвинение’ против ДУИ и поранешниот министер за образование Јетон Шаќири и јасно го разоткрива нивото на корупција, некомпетентност и криминална неодговорност што владеело во Министерството за образование под раководство на ДУИ.

