Кога ќе биде донесен новиот закон за работни односи?
Ќе излезе ли конечно од фиока Законот за работни односи? И по неколку години сè уште се прават анализи дали ќе се донесе нов закон или истиот ќе претрпи одредени промени, а во игра е и комбинација од новиот и стариот Закон за работни односи.
Во моментов се прават потребните анализи, вели заменик министерот за труд и економија, Марјан Ристески.
Дека мора да се работи на подобрување на условите за работа на работниците, се согласуваат и од бизнис секторот. Според Миле Бошков од бизнис конфедерацијата, мора да се работи на перспективи за подобрување на условите за работа на работниците со цел истите да се задржат во државата.
Целосно нов закон за работни односи или поголем нормативен зафат во актуелниот, но и што е она што во моментов најмногу се прекршува, прашавме и во “Гласен Текстилец”, од каде постојано нотираат кршење на работничките права.
Инаку, претходната власт цели седум години работеше на донесувањето на овој Закон, кој не го виде светлото на денот и не се стави во процедура за да дојде како предлог Закон за работни односи. Кога ќе биде донесен новиот Закон, но и дали новите законски решенија ќе ги имаат предвид потребите и на синдикатите и на работниците, сепак останува да почекаме.