Кога ја има е неквалитетна, а во спротивно нема ни за лек – децениски проблем на Стружани со водата
Foto

Кога ја има е неквалитетна, а во спротивно нема ни за лек – децениски проблем на Стружани со водата

Иако лежи на две води, Црн Дрим и Охридско езеро, Струга е најверојатно единствениот град во регионот кој со овие предиспозиции има децениски проблем со водата за пиење. Кога ја има во изобилие е со лош квалитет, а кога ја нема, нема капка ниту за лек. Во зима се заматува, а во лето во шпицот на сезоната стружани се снаоѓаат како знаат и умеат бидејќи има периоди кога вода нема и по неколку часа, но и по неколку денови и недели.

,, После секој дожд водата се заматува, некогаш има мирис и на нафта, па чекаме да помине период за да се среди.”

,,Нема некогаш не само со денови туку и со недели.”

,,И кога има е слаб притисокот, ни се расипаа апарати.Не можеш машина да си пуштиш,да се истушираш.”-  се жалат стружани.

Годишно во просек водата за пиење во струшко е забранувана неколкупати. Од Центарот за јавно здравје информираат дека тоа се случува најчесто при поголеми врнежи , се заматуваат изворите, водата се полни со бактерии и е забранета за конзумација. Но велат  за се има решение - само е потребна поголема волја од надлежните.

,, Поради обилните врнежи од дожд и самата конфигурација на извориштетот од каде се снабдува Струга со вода за пиење од изворот Шум и од изворите во Заграчани доаѓа до заматување на самиот дел каде е изворот. Таква е и конфогурацијата и дното а и самата  структура  на земјиштето или на целата област  каде што доаѓаат природните извори.Сепак за да се стабилизира состојбата потребно е хидролозите да се позанимаваат со самата структура  на изворот и заштитата на изворот за да не доаѓа до вакви ситуации.-  вели Сашо Точков ,,Центар за Јавно здравје

За професорот и биолог Муса Мусаи тоа што се случува години наназад со водата за пиење во градот во кој живее е кошмар за граѓаните.Сепак тој лоцира дека дивите депонии се изворот односно главниот загадувач на водата.

,, Струга користи вода за пиење од неколку извориа посебно меѓу планината Јабланица меѓу Радолишта и Шум има извори.Пред 15-20 години тука се натрупани голем смет од градот Струга, тој смет неколку години се натрупал и после тоа е покриен со земја.Така директно ги загадува изворите од каде ние црпиме вода за пиење која е опасна а доказ за тоа е се позачестените здравствени проблеми кај граѓаните.смета Муса Мусаи.      

Од локалната самоуправа и ЈП ,,Проаквапод чии ингеренции е водоводната мрежа и целокупниот проблем со водата се свесни за проблемите но тврдат дека  секогаш имаат решенија.Според нив поголем проблем се рестрикциите бидејќи велат има злоупотреба на ресурсите.

 ,, Во Горна Белица имаме пет извори од кои  петтиот извор каптажа бр. 5  се заматува водата физички во период на врнежи или нало топење на снег и силен јужен ветар.Се превземаат соодветни мерки.Во овој случај преземаме мерка што тој извор број 5  го исклучуваме од системот, а хидроелектрани Горна Белица имаат земено обврска да  изнајдат техничко решение за трајно решавање на проблемот - вели Јонче Докоски ЈП ,,Проаква .

Екологистите сметаат дека освен репарација на пумпната станица потребна е и нова водоводна мрежа.И тоа час поскоро.

,, Видете прво мрежата не е како што треба.Тие цевки се стари.И изворите да се чисти таа вода додека да дојде до нас пак ќе се замати.Според мене потребна е рехабилитиција на целата водоводна мрежа.” –смета екологистот Берат Села.

Проблемите со водата не се главоболка само за граѓаните туку и за туристите кои секоја сезона им се жалат на угостителите. Токму тие поплаки се сериозна закана за туризмот кој меѓудругото е и главна егзитенцијална гранка за Стружани.

Со оваа сторија, ТВ 24 се придружува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ на Институтот за комуникациски студии.

0 Коментари

Остави коментари