Коциќ за ТВ 24: Нова преговарачка рамка без согласност на сите 27 членки на ЕУ не е возможна

Ненад Коциќ од СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека нова преговарачка рамка без согласност на сите 27 членки на ЕУ не е возможно.

- Било која следна преговарачка рамка, треба да биде прифатена и од Бугарија и ако тоа се случи, ќе треба да преговараме повторно со Бугарија, а не со Брисел. Ако е тоа целта на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш се на вистинскиот пат. Сметаме дека тоа е промашена мисија и дека Македонија ќе изгуби со тоа. Факитчката состојба е дека имаме отворена покана од ЕУ, цврста поддршка, можност со другите држави од Западен Балкан брзо станеме членка на ЕУ.. Нова преговарачка рамка без согласност на сите 27 членки на ЕУ не е возможна, нелогични се тврдењата на ДПМНЕ дека идат нови ветришта ДПМНЕ вели дека имаме време 10- 20 -30 години, но тоа не е релна политика, тоа е сулуда идеја и губење време, но овој народ нема време за чекање, нагласи Коциќ, додавајќи дека ДПМНЕ ќе најде милион причини да ја блокира сопствената држава на патот кон ЕУ.- рече Коциќ.