Кочанско поле во пламен – 12 часа непрекината битка со пожарите

Подготовката за сеидба на оризот го запали кочанско поле. Вчера пожарникарите гаснеа запалени стрништа на 35 хектари. Имале дури 16 интервенции за 12 часа.  Гореше од Оризари до Чешиново.

Ветрот не им беше сојузник, а на терен излегоа сите пожарникари и сите возила.  Ноќеска од огнот е спасена и бензинската пумпа кај Чешиново, а пожарникарите спречиле да изгорат и дел од оранжериите Добра. 

Палењето на стрништа е генерален проблем на државата. Земјоделците не ги слушаат апелите на надлежниите и слепо ја следат традицијата иако така ја загрозуваат безбедноста на целиот регион.

Слични проблеми лани имаше и во светиниколско каде поради пролетната седидба се палеа стрништа. Само во еден ден тогаш изгореа 200 хектари сува трева овоштарници, лозови насади и борова шума. Лани се поднесени дестина пријави за палење стрништа на истокот, најмногу во регионите на кочанско и овчеполието.