Кочанскиот суд одлучува по жалбите за притворите, адвокатите на дел од осомничените прашуваат зошто не се сомничат актуелни функционери
17 жалби за притворот досега стигнале до кочанскиот суд, за дел од осомничените за кататсрофалниот пожар во кочанската дискотека Пулс. Од кочанскиот суд за ТВ 24 велат дека веќе дел од жалбите се одбиени и дека мерката од 30 дена притвор е потврдена.
„Судот работи согласно законските рокови. За дел од жалбите по решенијата за притвор од 30 дена веќе има и одлуки.“ - Основен суд Кочани.
Одлука за жалбата за притвор чека и екс министерот за економија, Крешник Бектеши, кој е во притворското одделение во Шутка. Неговиот адвокат за ТВ 24 ги спори и основите за притвор, но и самото дело за кое се сомничи поранешниот министерот за економија
На притворот за екс директорот на државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, се жали и неговата адвокатка Даниела Настова Пиштолова. На 30 дневниот притвор се жали поранешниот директорот на дирекцијата за спасување Беким Максути ..
„Нема никаков доказ дека Беким Максути би влијаел на сведоци или би избегал од државата. Максути немал овластувања да врши контрола во такви објекти. Прашуваме, ако зошто не се приведени и останати директори, особено актуелните директори, а не само ретроактивно.“ - Насер Идризи адвокат на Беким Максути.
И додека во кочанскиот суд се одлучува по жалби за притворите, во скопска единица и по жалбите се потврдени притворите од 30 дена за седуммината полицикси службеници. Според дел од правниците истрагата треба да се проширува.
Засега за катастрофалниот пожар во импровизираната дискотека Пулс во Кочани се осомничени 34 лица меѓу кои и актуелниот градоначалник во оставка, Љупчо Папазов, како и двајцата негови претходници, Илијев и Димитровски, заедно со седуммината припадници на полицијата.
За сите нив има определено 30 дена ефективен притвор. Дел се во Шутка, дел во затворот во Куманово. Тројца од осомничените се во болица на лекување. Во предметот се опфатени и 3 фирми.