Кочани: Нов “Марш за ангелите“, преживените се лекуваат

Неселктивна правда, одговори и одговорност за катастрофалниот пожар во Пулс. Марш за ангелите во Кочани – 16 ти по ред. Родителите и блиските на жртвите повторно ќе излезат на улица и пред институциите. 

За трагедијата се обвинети 34 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност, додека за 11 лица, меѓу кои и двајца поранешни министри, постапката е запрена поради недоволно докази. Судскиот процес ќе се одвива во скопскиот Кривичен суд. Во меѓувреме, преживеаните се лекуваат.