Кочани на јавна трибина ќе одбира локација за спомен-обележје на загинатите во „Пулс“

Во понеделник, на 12 јануари, со почеток во 17 часот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи јавна трибина поврзана со иницијативата на Здружението на граѓани „16 Март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на загинатите во „Пулс“. Општината ги повикува граѓаните да го дадат своето мислење во врска со иницијативата локацијата да биде во Стариот парк.