Коцевски за ТВ 24: Законот за амнестија се носи за да се извадат криминалци од затвор за да влијаат врз изборите
Законот се уште го немаме добиено, но ќе го бојкотираме оти станува збор за пуштање криминалци на слобода. Ова е втор пат да се прави истото и тогаш, а и сега поентата е да одработат за ДУИ и СДСМ за време на изборите. Ова е обланда за криминалците да се најдат на слобода, вели Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа на ТВ 24.
- Јас не верувам дека ова се ситни криминалци. Денеска дознавам дека Хаки и Фејзи Азири ќе се најдат на слобода кои се осудени за тешки дела. Таквите криминалци прават проблем на ВМРО-ДПМНЕ затоа што ќе бидат должи за амнестијата. За мене трговија со дрога не е ситен криминал, вели Коцевски.
Коцевски вели дека со овој закон владејачките партии се подготвуваат за опозиција и се спасуваат себеси од кривичен прогон.
- За измените на Кривичниот законик им требаа само 24 часа, вели тој.