Коцевски немал судир на интереси за ниту еден предмет - се огласи обвинителството по обвинувањата на Милошоски
Обвинителството реагира дека тврдењата на пратеникот Антонијо Милошоски за поврзаност на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски со Иџет Мемети и Наќе Георгиев се невистинити.
„Ниту во наведениот, ниту во кој било друг предмет јавниот обвинител на Република Северна Македонија не бил во ситуација на судир на интерес“, реагира Обвинителството по објавата на пратеникот на „Фејсбук“.
Милошоски претходно обвини дека спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев инволвирани во случај со примање поктуп, по што еммети призна вина и се спогоди, е аргумент плус за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски.