Коцевски: Две години не се одобрени вработувања во административна служба на обвинителствата

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вели  дека врз неговата работа нема политичко влијание, оценувајќи го извештајот на Европската комисија за правосудството како реален и објективен. 

Тој посочи на напредок во транспарентноста и борбата против високата корупција, но и на сериозни предизвици како недоволниот буџет и недостигот од кадар во обвинителството.