„Кобалт Синергија“

Во изложбениот простор Галерија МКЦ, на 23 Фебруари (петок) во 20:00 часот ќе биде отворена ликовна изложба со наслов „Кобалт Синергија“.

На изложбата ќе бидат изложени 25 ликовни дела од ликовниот уметник Венко Цветков, ќе има проекција на видео ролна и два видео арт остварувања на учесникот во проектот Симон Гегај. Во содржината на видео ролните се и концептциските обзервации, во вид на записи на третиот учесник во проектот г-ѓа Корнелија Буклеска.

За изложените ликовни дела критички осврт ќе има проф. Владимир Величковски. За концептот на проектот „Кобалт Синергија“ новинарката и главен уредник на редакцијата за култура и уметност при Радио Скопје ќе каже: „Ова е приказна за кобалтот (како елемент и како боја) како и она за синергијата, па така и оваа нивна заедничка, е вечната вистина за животот кој не опстојува во праволиниско течение.“