Коалицијата „Вреди“со кривична против Петар Богојески

Коалицијата Вреди одлучи да поднесе кривична пријава кон Петар Богојески од Македонски концепт до основното јавно обвинителство за ширење говор на омраза на социјалните платформи според нив сторено кривично дело според членовите 319 и 398 од Кривичниот законик.

Потпретседателката на Алијанса за Албанците - крило на Арбен Таравари, Бујаре Абази е на ставот дека сега не е време за дигање рејтинзи со постирање на објави со омаловажување и навреди според нејзе ваквите потези се во корист на, како што рече, ДУИ која во агендата исто така планира дестабилизација. 

Со ист потег и од Македонски концепт, Петар Богојески со кривичен поднесок за навреди и закани кон македонскиот народ како што вели тој, против повеќе политичари Албанци. На прашање како ја коментира поднесената пријава против него од Вреди дека ширел говор на омраза Богојески е на ставот дека зборовите шиптар и албанец се со исто значење во македонскиот јазик.  

Ова е втора расправија меѓу владините партнери, претходно ЗНАМ излезе со жестоки критики кон нивниот партнер ВРЕДИ и ДУИ критикувајќи го нивното непочитување на законите и Уставот на Македонија. Тогаш од ВРЕДИ експресно реагираа со контра аргументи и критикаа кон движењето ЗНАМ.