Коалицијата “Сите за правично судење“: Отсуствуваат објаснувања за назначувањата и разрешувањата на судиите
При назначувањето и разрешувањето на судиите, Судскиот совет користи апстрактни образложенија, флоскули, сувопарни реченици, покажуваат резултатите од најновото истражување на Коалицијата „Сите за правично судење“ која изминатата година ја мониторираше работата на советот и имплементацијата на системот на заслуги за назначување на судии.
Ова дотолку повеќе што, мнозинството судии кои учествувале во истражувањето се изјасниле дека Судскиот совет го чувствуваат како туѓинец.
Според Дарко Аврамовски истражувач во Коалицијата „Сите за правично судење“ феномен е тоа што пред седниците на Судскуиот совет се одржуваат колегиуми зад затворени врати на кои често одлуките се веќе донесени а интересен е и фактот што советот речи си секогаш без расправа ги отфрла поплаките на граѓаните. Сепак, вели тој, луѓето мора да прават разлика помеѓу претставка и барање за утврдување на одговорност кај судија.
Единствена надеж за судиите, барем засега е најновиот критериум за нивно оценување а се однесува на комплексноста на предметите што ги водат. Така од сега нема да биде важно само тоа колку предмети решиле туку и какви биле истите.