Коалицијата предводена од СДСМ во Маврово Ростуше, Дебар, Вевчани, Струга и Охрид
Зборуваме за обновливи извори на енергија, имаме постигнато договори за преку 650 мегавати сончеви колектори и за 500 мегавати ветерници. Денеска можеме да кажеме дека донесовме одлуки да платиме колку треба казни за да ги стопираме малите хидроцентрали коишто ја уништуваат цела оваа околина порача преседателот на СДСМ Зоран Заев од општина Маврово Ростуше. Караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ во текот на денот беше во Маврово Ростуше, Дебар, Вевчани, Струга, а вечерва финишира со изборно прставување во Охрид.