Коалиција „ВРЕДИ“: Универзитетот на Мерко, кој е на американската црна листа, доби бакшиш од министерот на Рамиз, Шаќири
Овој Универзитет, познат како „Универзитет на Мерко“, кој го води Арменд Кадриовски, е познат по „производството“ на итни дипломи, како Универзитет каде што низ годините, преку ноќ, дипломирале повеќе од половина од функционерите на ДУИ, како и многу членови на семејствата на функционери кои потоа се вработиле на различни работни места, реагираат од Коалицијата Вреди.
Ова е ДУИ, овие се функсионери кои се на Црната листа на САД, на кои криминалот им нема граници. За овој скандал министерот Јетон Шаќири мора да даде отчет пред јавноста и да ги покаже сите причини зошто го акредитирал Универзитетот на Мерко да има и Медицински факултет, да посведочи дали овој Универзитет има соодветни кабинети за изучување на предметите од медицината, но и рамка на академски барања, велат од Вреди.