Коѕијас: Северна Македонија, добредојде во нашиот живот
Foto

Коѕијас: Северна Македонија, добредојде во нашиот живот

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас преку неговиот официјален твитер профил ѝ порача добредојде на Северна Македонија.

„Зборував со Зоран и со Никола. Се потсетивме на тешкотиите, на заморот, на тензиите, на довербата и надежите што ги поминавме работејќи на договорот. Сонувавме заедничката иднина за двата народа. Северна Македонија, добредојде во нашиот живот“, напиша на Твитер, поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас.

 

0 Коментари

Остави коментари