Книга и изложба за сценографот Живојин Трајановиќ
Foto

Книга и изложба за сценографот Живојин Трајановиќ

Националната опера и балет во соработка со Дирекцијата за култура и уметност-Скопје денеска  ќе ја промовира  книгата „Сценографското дело на Живојин Трајановиќ“ од проф. д-р Владимир Величковски, а во фоајето ќе отвори и изложба од уметничкото творештво на академскиот сликар-сценограф Трајановиќ.

Изложбата ќе опфати идејни решенија за голем број претстави, презентирани во вид на скици. Концепциски е поделена на оперски, балетски и драмски дел, бидејќи речиси целиот работен век Трајановиќ го поминал како сценограф на Операта во Националната опера и балет.

Настанот ќе има и музичка програма со настап на оперските солисти Славица Петровска-Галиќ, Марјан Николовски и Васко Здравков,  во придружба на пијанистката Елена Силјановска и балетската солистка Ивана Коцевска.

0 Коментари

Остави коментари