Клупска изложба „Мајски салон 2021“ во Куманово
Фото кино клуб „Козјак“ Куманово и годинава ја организира клупската изложба „Мајски салон 2021“, информираа денеска надлежните од клубот. Публиката ќе има можност да види четириесетина уметнички фотографии.
„Мајски салон 2021“ е традиционална клупска изложба на ФКК „Козјак“ и отворањето е закажано за 27 мај во НУЦК „Трајко Прокопиев“ - Куманово.
- Оваа изложба има за цел да го презентира и надополни естетскиот сенс за уметничката фотографија, кој го гради нашиот клуб веќе половина век. Изложените дела се показател на сериозноста и посветеноста со која и пристапуваме на оваа уметност и претставуваат уште еден доказ за оправданоста на интернационалното реноме кое го има ФКК „Козјак“. Оваа година се издвојува од останатите по тоа што истите ќе бидат изложени на 21 пано, изјави Марјана Павличек, член на ФКК „Козјак“, која ги покани љубителите на уметничката фотографија да ја проследат изложбата, почитувајќи ги здравствените мерки.
Покровители на изложбата се Министерство за култура и општина Куманово, како и Народна техника, НУЦК „Трајко Прокопиев“, под патронат на Фото сојуз на Македонија.