Клучна недела за референдумот - да или не?

Храбар, но ризичен потег е иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за укинување на важноста на Законот за ратификација на договорот за добрососетство, пријателство и соработка со Бугарија оценуваат дел од аналитичарите.

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски пак во разговор за ТВ 24 вели дека одамна овој договор требало да биде раскинат но исто така смета дека треба да се направат промени во законот за референдум бидејќи големи се шансите  референдумот да не успее со оглед на фактот дека се потребни дека се потребни над 900 илјади гласа. Сепак, Никовски додава дека е потребно да проработи националната свест кај сите а не е лоша опција со референдумот да се одржат и предверемени избори.

Познавачите пак на дипломатските и отворени прашања кои земјата ги има со Бугарија но и во насока на преговорите со унијата пак сметаат дека доколку референдумот успее ова нема да испрати добра порака кога се во прашање евроинтеграциите на  Македонија посочи и вчера во интервју за ТВ 24 Симонида Кацарска. 

Партиите пак и денеска со веќе познатите ставови откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Ковачевски и неговата партија во безидејност ќе се обидат преку собранискиот спикер Џафери на секој можен начин да ја отфрлат иницијативата.

Од Бихаќка пак и денеска преку соопштение возвратија. 

- Наместо конструктивност ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со барањата за избори, за референдум, со активни и пасивни блокади се обидуваат да го попречат нормалното функционирање на институциите, на штета на домашната економија, на штета на граѓаните. 

Иниицјативата пред спикерот Џафери најдоцна ќе се најде во вторник кога тој се очекува да ја препрати и до матичните комиси - по што ќе се знае и офоицијанло дали ќе го помине првиот филтер.