Клоп го именуваше Бекенбауер за најдобар германски фудбалер на сите времиња

Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клоп проговори за квалитетите на поранешниот капитен на Баерн, Франц Бекенбауер.

-Беше забавен, паметен, ги имаше сите квалитети што можеше да ги има. И ме научи на нешто што тогаш не го знаев, а што ќе ми биде корисно во животот „можеш да бидеш познат, може многу да се пишува за тебе во медиумите, но сепак треба да останеш свој“, изјави Клоп.

Бекенбауер играше за првиот тим на Баерн Минхен од 1964 до 1977 година. 

По завршувањето на својата играчка кариера, тој беше тренер на тимот од Минхен. Под негово водство, Баерн стана германски шампион во сезоната 1993/94 и го освои Купот на УЕФА во 1995/96 година.