Клиперси го средија Кливленд, Хјустон немоќен кај Мемфис
Foto

Клиперси го средија Кливленд, Хјустон немоќен кај Мемфис

Предводени од Кавај Ленард тимот на Лос Анџелес клиперс рано утрово го совлада Кливленд кавалирс со 25 поени разлика. Ленард мечот во „Стејплс центар“ во ЛА го заврши со 43 поени, четири асистенции и три скока.

Резултати на натпреварите од НБА лигата играни ноќта вторник кон среда:

Атланта – Феникс 123:110

Бруклин – Јута 107:118

Мемфис – Хјустон 121:110

Милвоки – Њујорк 128:102

Голден Стејт – Далас 97:124

Лос Анџелес Клиперс – Кливленд 128:103.

По 40 одиграни натпревари Лејкерс се најуспешен тим во Западната конференција со 33 победи и седум порази.

На Исток води Милвоки бакс со биланс 36 победи и шест порази.

0 Коментари

Остави коментари