Клиниката за онкологија, повторно ја тресе скандал со наводно немање лекови

Во месецот кога се одбележува борбата против ракот на дојката и среде скандалот кој ја тресе Клиниката за онкологија поради наводи за кражба и препродажба на лекови, дел од терапиите повторно ги нема.

Елизабета Ристовска, една од онколошките пациентки кои добија и увид во предистрагата, сведочи дека после час и половина чекање на клиниката денеска и било кажано дека терапијата се потрошила.

„Ние како држава или онкологија мора да знае колку пациенти во понеделеник треба да примат одерен тип на терапија и да биде снабдена, не може ние да чекаме и да биде по пронципот прв дојден - прв услужен како на шанк, а другите ќе чекаат.“ - вели Ристовска.

Министерот за здравство признава дека има недостиг, но тврди дека станува збор за новодијагностицирани пациенти за кои кога се правеле набавките не можело да се предвиди колку количини треба да се набават.

- Пациентите што веќе примаат терапија и се дијагностицирани имаат континуитет во лекувањето со биолошката терапија, но ќе провериме. - вели Меџити.

Ова не е прв пат пациентите на ваков начин пациентите да бидат враќани од клиниката, а дел од нив патуваат стотици километри и доаѓаат од други градови за да примат терапија.

- Тука се поставува прашањето кого лажат? Затоа што тука не не лажат само нас пациентите, туку ги лажат и оние кои допрва ќе се соочат со проблемите на онкологија. Имаме многу голема смртност во смртност токму поради овој проблем. - вели Ристовска.

Денеска изминува точно еден месец откако обвинителството отвори предистрага за наводите дека скапата биолошка терапија се крадела и препродавала на црниот пазар. Од обвинителството не се соопштуваат нови информации до каде е постапката и што се презема. 

Првичните наводи како што соопштија веќе оттаму упатуваат на сомнежи за сторени кривични дела против здравјето на луѓето и проневера на службата на Клиниката за онкологија.