Климатски самит: Ја живееме последната деценија во која ќе може да влијаеме во намалувањето на глобалното затоплување
Foto

Климатски самит: Ја живееме последната деценија во која ќе може да влијаеме во намалувањето на глобалното затоплување

Климатските промени - најголемата закана со која се соочува светот, а особено младите. Според индексот на УНИЦЕФ за ризикот од климата на децата, открива дека една милијарда деца се под екстремно висок ризик од влијанието на климатските промени, а тоа се речиси половина од децата во светот.

Ја живееме последната деценија во која ќе може да влијаеме во намалувањето на глобалното затоплување, за кое е потребно неопходно и брзо да се променат животните навики. Младите сакаат повеќе можности за да ја водат агендата за климатски промени вели претставничка на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани на Младинскиот климатски самит во Скопје. 

- Денеска е можност да се чуе гласот на младите за она што навистина им е важно. Тој глас официјално да го слушнат политичарите, официјалните лица, заедницата, рече Ди Џовани.

Додаде дека претходниот месец во Милано имало двајца младински претставници од земјава, а нивните пораки ќе бидат презентирани денес и следниот месец во Глазгов, на Самитот за глобалните климатски промени.

Амбасадорка на Шведска во земјава, Кристин Форсгрен Бенгтсон, изјави дека образованието на децата почнува од рана возраст, како и развивањето на свеста за овие прашања и токму затоа е важно прашањата за климатските промени да се вклучат уште во најраните фази од образованиот процес.

Младите им порачаа на политичарите – нема да се откажеме од нашите барања за промена, очекуваме ваша соработка. 

Целта на самитот е отворање дијалог меѓу младите и претставниците од националните институции на теми поврзани со климатската акција.

0 Коментари

Остави коментари