Климатски активисти упаднаа на пистата на аеродромот во Минхен

Шест климатски активисти пробија и се закачија на пистата со лепак, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека ситуацијата сега е под контрола и дека двете аеродромски писти се отворени за слетување и полетување.

 

Овој упад на писта доаѓа за време на еден од најпрометните празнични периоди за овој аеродром во јужна Германија.

Климатската група Last Generation, која одржа слични протести во минатото, рече дека е одговорна за акцијата во серија објави на Платформа X на кои се прикажани членови на писта со протестни знаци.