Клеменс Која: Жените, децата, лицата со попреченост, маргинализираните и раселените најпогодени од коронарестрикциите
Foto

Клеменс Која: Жените, децата, лицата со попреченост, маргинализираните и раселените најпогодени од коронарестрикциите

Рестрикциите кои што произлегоа од состојбата со коронавирусот имаат влијание врз сите, но тоа е повеќе изразено кај некои групи на граѓани. Меѓу најранливите се жените, децата, лицата со попреченост, маргинализираните и раселените лица.

Ова во интервју го порача шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, кој говореше за тоа како мисијата се справува со епидемијата на Ковид-19.

Освен донациите за полицијата, здравствените работници и новинарите, мисијата на ОБСЕ во моментов работи и со Министерството за труд и социјална политика за донација на основни прехранбени пакети и дистрибуција до регистрираните жртви на семејно насилство, кои се меѓу најранливите во општеството за време на кризната состојба.

Која нагласи дека рестрикциите на движење на глобално ниво придонеле за пораст на семејното насилство, поради што Мисијата на ОБСЕ, заедно со МТСП и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство работат заедно при справувањето со овој предизвик.

Вели голем број експерти предупредувале дека оваа криза ќе ја зголеми нееднаквоста низ светот, а образованието е пример за ваквото тврдење. Амбасадорот Која во интервјуто за МИА нагласува дека Ковид-19 создал паралелна епидемија од дезинформации и полувистини.

0 Коментари

Остави коментари