Клековски за ТВ 24: Повеќето политички партии сфатија дека ќе биде важен претседателскиот резултат како индикација каде се движи гласачкото тело
Сашо Клековски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека отсекогаш сме имале претседателски амбиции, прашање е кој ќе успее да собере потписи. Јасно е дека ќе се направи обид да сите политички патрии што ги поддржуваат кандидатите демонстрираат која е моќ и колку брзо може да ја завршат задачата.
- Кандатката Гордана Силјановска Давкова најави дека ќе оди на собирање на 10 000 потписи и сите ќе се одлучат на таква варијанта. Собирањето на потписи не е толку едноставно, тие се собираат на овластени места на подрачните единици. Не се тоа фејсбук лајкови, туку потписи од граѓани. Мислам дека со голема веројатност ќе има 5-6 кандидати кои ќе ги соберат тие потписи. Некои од новите влезови во политиката преземаа ризик да се пробаат во тоа и во претседателската трка. Повеќето политички партии сфатија дека ќе биде важен претседателскиот резултат како индикација каде се движи гласачкото тело и нивно отсуство од претседателската трка може негативно да влијае на нивните парламентарни избори. - вели Клековски.