Клековски во 24 анализа: Лековите за онколошките пациенти се очекува да пристигнат наредната недела
Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Сашо Клековски во 24 анализа рече дека донацијата на лекови за онколошките пациенти се очекува да стигне до крајот на наредната недела. Според него, овој проблем е поради преминот од една буџетска година во друга но и поради несоодветниот регистар на пациенти кои ја примаат таа терапија.
„Ниту една позитивна листа нема да го реши проблемот со недостатокот на лекови и да има неограничен пристап. Нас ни треба поголем буџет за поголем број на лекови кои му се потребни на пациентите. Правиме голем притиок за лековите кои не се регистрирани да се регистрираат но тоа е посебен проблем поради високата економска бариера во нашата држава“, рече Клековски
Тој потенцираше и дека непланираното вклучување на пацинети на терпија дополнително прави проблем со лековите.
„Нема систем што може успешно д менаџира непланирано вклучување на пациенти на терапија. Потребно е да има протокол за континиурано примање на терапија“ појасни Клековски.
Според него, ФЗОМ веќе работи и на процесите на превенција на канцерогените заболувања.