Клековски: Сите трошоци за лекувањето на повредените во ,,Пулс” ќе бидат подмирени од Владата
Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски соопшти дека во Општата болница во Кочани со ПРП терапија се третирани 10 лица повредени во пожарот во Кочани.
Претходно, девет лица беа третирани од Клиниката за пластична хирургија Скопје, вели Клековски.
Сите трошоци околу пациентите кои се здобија со повреди во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе бидат подмирени од Владата и тоа долгорочно, најави Клековски.