Ќира: Очекувам за брзо време да се надмине проблемот со водата во Струга

Водата за пиење во Струга и понатаму е небезбедна за употреба. Надлежните институции предупредуваат дека параметрите се уште се над дозволените граници, поради што забраната за користење на водата останува во сила.

Општина Струга со помош на приватна институција ќе врши дополнителни испитувања за пронаоѓање на вистинската причина за заматеноста на водата во изворот кај селото Шум поради што скоро цела недела стружани немаат исправна вода за пиење.

Градоначалникот Менди Ќира вели теории за ситуацијата има неколку, но едно е сигурно дека истата е резултат и на лошо менаџирање од претходниците.