Кјелини позитивен на Ковид 19, еден месец по третата доза од вакцината
Foto

Кјелини позитивен на Ковид 19, еден месец по третата доза од вакцината

Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус соопшти денеска дека искусниот 37-гoдишен дефанзивец Џорџо Кјелини е позитивен на коронавирус и се наоѓа во домашна изолација.

Позитивни на Ковид-19 во торинскиот клуб претходно деновиве беа и Артур и Карло Пинсољио.

Кјелини пред точно еден месец се вакцинираше со третата доза и беше еден од најгласните фудбалери на Јувентус во јавната кампања во Италија за вакцинирање против Ковид-19.

– Благодарение на вакцините и заштитните маски се бориме да се вратиме во нормала. Сите мораат да ја одиграат својата улога. Вакцинирајте се за ваше добро и за да ги заштитите најранливите категории граѓани, апелираше италијанскиот репрезентативец откако во декември ја прими третата доза вакцина против Ковид-19.

Јувентус го очекуваат два дерби натпревара во Серија А, против Наполи и Рома, на 6 и 9 јануари, а потоа и дуелот од Суперкупот против првакот Интер.

0 Коментари

Остави коментари