Ќе заврши ли кризата на предвремени избори?

Очите на светската политичка елита свртени кон Украина - кои ќе бидат одлуките на вонредниот НАТО самит во Брисел? И додека Западот дебатира, а Зеленски бара помош, во Украина се повеќе градови се срамнети со земја и се случува хуманитарна катастрофа. Како до мир? Колку Европа и САД калкулираат во санккциите кон Путин на сметка на заштита на личните интереси, а врз грбот на Украинците? Руската инвазија нема да го приближи Западен Балкан кон ЕУ, а македонските надежи за старт на преговорите во јуни се истопија по последната бриселска шлаканица лично од шефот на европската дипломатија - има ли алтернатива, можен ли посериозен дипломатски притисок од македонска страна? Ќе заврши ли кризата на предвремени избори? 

Анализираат Ненад Марковиќ - универзитетски професор и член на Советот за безбедност кај Претседателот на државата и Васко Наумовски - универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.