Ќе владее ли Ковачевски до 2024 или ќе има предвремени избори?
Foto

Ќе владее ли Ковачевски до 2024 или ќе има предвремени избори?

Христијан Мицкоски ја прифати поканата од Димитар Ковачевски, но го услови дневниот ред со парламентарни избори и детали од прегоорите со Бугарија. Ќе биде ли прифатливо за идниот мандатар? Можно ли е Ковачевски и Мицкоски, додека нивните портпароли на дневно ниво го обвинуваат оној другиот за се и сешто, да си пружат рака за битни државнички процеси? Идниот премиер седнува на Илинденска со сериозни обвинувања од вицепремиерот во заминување Никола Димитров - сака ли Ковачевски да го замолчи Димитров? Се крчка ли  решение со Бугарија по секоја цена? Мандатарот со прозивки и од сопартијците и од опозиционерите и од дел од критичката јавност, за владиниот дрим тим. Ќе успее ли да го додржи на Илинденска до 2024?

Опозиционерите најавија протести, па се повлекоа - се исплашија ли од неуспех? Зошто еден месец по Конгресот Мицкоски се уште владее сам?

За политичките предизвици на внатрешен, но и надворешен план во 24 Анализа дебата меѓу Андреј Петров од СДСМ и ИлијаДимовски од ВМРО-ДПМНЕ.

0 Коментари

Остави коментари