Ќе стават ли потпис Вучиќ и Курти на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина?

Охрид центар на светот. Александар Вучиќ и Албин Курти на заедничка маса заедно со евродипломатите Жозеп Борел и Мирослав Лајчак во претседателската Вила Билјана, но и високиот америскански претставник Габриел Ескобар во својство на набљудувач. Ќе има ли договор за Анексот за спроведување на договор за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Во Охрид безбедноста на највисоко ниво, обезбедување и и од воздух и од земја и од вода  и рекорден број на акредитирани медиумски екипи, дури 235.