Ќе се соочат ли Заев и Мицкоски во суд за обвинувањата на Мицкоски за „куферче со пари од Борисов“?
Ќе заврши ли изборната кампања во судница? Според информациите на ТВ 24 не се исклучува актуелниот премиер Христијан Мицкоски да заработи тужба со која поранешниот премиер Зоран Заев ќе бара премиерот да го докаже обвинувањето дека Заев зел куферче со пари од Бојко Борисов на суд.
Екс премиерот и лидер на СДСМ Заев на фејсбук утрово со жестока реакција на жестоките обвинувања од премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Заев му порача на Мицкоски дека неговите обвинувања се лага и дека се производ на како што вели неговата неспособност да испорача резултати со која ќе ја однесе државата во провалија.
Зоран Заев – поранешен претседатела на СДСМ и на Владата
- Кога сме веќе кај куферите, видовме во снимките што сами си ги пуштија во јавност дека експерти за куфери со пари се токму неговите поддржувачи и финансиери. Оние за кои се фалеше дека му ги плаќале сметките за струја во Белата палата, оние несудени бугарски конзули и осудени криминалци пуштени да се бранат од слобода за да ја напаѓаат опозицијата“
Првиот човек на Влатата и на ВМРО-ДПМНЕ од саботата речиси на секој митинг го прозива Заев, дека како што обвинува земал пари од источниот сосед за национални отстапки и предавства. Во таа насока Мицкоски ја коментира и резолуцијата на Венко Филипче која предизборно ја понуди за временска рамка за уставни измени и за црвени линии. Мицкоски бара референдумска излезност на изборите за како што вели да не се дозволеле нови предавства.
За актуелниот лидер на СДСМ пак обвинувањата на неговиот директен опонент лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е во насока на неговиот претходник - тврди Мицкоски се обидува да дефокусира поради немање резултати.
Денеска пак од партијата на Мицкоски со рецензија за одговорот на екс лидерот на СДСМ. Потпретседателот на партијата кој во 2020та директо на избори се соочи со Заев во четвртата изборна единица - обвини дека Заев никогаш не заминал во политичка пензија и дека ја води од сенска партијата на Бихаќка.
И додека црната кампања се заострува како што се се приоближува и денот на гласањето, а реториката од лидерите е се помалку за локални теми и реалните проблеми на граѓаните, засега останува отворено прашањето дали предизборно ќе има судско соочување меѓу Мицкоски и Заев, но и доколку нема - кому ќе му поверуваат граѓаните на 19 октомври.

