Ќе се реши ли проблемот со образовните асистенти - министерството најавува дека 815 асистенти неделава ќе почнат со работа во училиштата
Образовните асистенти за учениците со интелектуална попреченост постепено почнуваат со работни активности во училиштата, добар дел од нив договорите ги потпишале вчера а останатите во текот на денешниот ден, уверува министерката за образование и наука Весна Јаневска, до крајот на неделата таа очекува целосно комплетирање во сите училишта во државата.
Министерката Јаневска уште еднаш повтори дека министерството работи на системско решение за ангажманот на образованите асистенти и со новите закони ќе се определи конкретен рок во кој ќе биде завршена целата постапка што ќе треба да биде готова до јуни.
Дел од шестте нови закони кои и те како се важни за развојот на образовниот систем во Македонија,се работи за решенија кои се меѓусебно поврзани и очекува процесот да заврши до октомври. Станува збор за законски акти меѓу кои се законот за наставници, за педагошка служба, за државен испитен центар, а веќе е почнато со работа и на законот за високо образование, чија подготовка малку ќе потрае вели Јаневска.
Дуалното образование пак ќе се официјализира со тој пакет на законски мерки, тоа досега функционираше на добра волја на училиштата и со новиот закон ќе стане дел од системот на средно образвиние во државата.
Практичната работа пак во компаниите, успеале да привлечат многу ученици и да го сменат мислењето дека средното стручно образование нема иднина или дека можеби е помалку вредно од гимназиското. Со ваковиот концепт идните генерации на ученици преку квалитетно образование ќе бидат подготвени за реалните потреби на пазарот на труд додаде Јаневска.