Ќе се реконструира железничката станица во Скопје
Почнува проект за целосна реконструкција на Железничката станица во Скопје. Реконструкцијата на Железничката треба да заврши во истовреме со пуштањето на брзата пруга на Коридорот 10 и железничкиот крак до Меѓународниот аеродром Скопје најави Синиша Ивановски, директор на МЖИ Инфраструктура.
Потенцираше дека ако се заврши со проектот за една година потоа финансирањето ќе биде или со државниот Буџет, или со заем од класичните заемодаватели, но не е исклучена можноста да влезе во стратешката партнерство со Велика Британија.
Деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски посочи дека овој задоцнет проект ќе има почеток но една од задачите ќе биде и на железничкиот Коридор 10 да направат целосна реконструкција и рехабилитација на елементите на пругата.
Деканката на Архитектонски факултет, Анета Христова Поповска истакна дека ќе има многу работа, а прво ќе се прави документирање и анализа на оригиналната документација. Потенцираше дека целта е и да има надградба со содржини со коишто објектот ќе стане социјален хаб и отворено плато за културниот и јавниот живот на скопјани
Скопската железничка станица е дел од транспортниот центар проектиран од јапонскиот архитект и урбанист Кензо Танге. Истата е пак дел од мега структурата „Градска Порта“ која не ја доживеа својата комплетна реализација.

