Ќе се намали ли чекањето за магнетна резонанца? - нов апарат во поликлиниката Идадија во Скопје
Поликлиниката Идадија во Скопје доби нов апарат за магнетна резонанца. Апаратот функционира од јули и досега биле закажани 476 термини. Набавката е од буџетот на здравствен дом Скопје, во вредност од околу 1,3 милиони евра. Здравствените власти сметаат дека со тоа значително ќе се намали чекањето за оваа процедура кај пациентите.