Ќе се легализираат дивоградби изградени до јануари 2021 - со 50 до 100 отсто повисоки комуналии
Верските објекти изградени спротивно на Законот за градење, Законот за урбанистичко планирање и спротивно на останатите закони со кои се регулира градбата ќе може беспари да се легализираат иако се дивоградби.
Сите приматели на минимална плата исто така кои изградиле дивоградба ќе може беспари да легализираат, додека за останатите кои исто така изградиле дивоградба ќе може да легализираат дивоградба со тоа што за дивоградбата до 80 метри квадратни ќе се плаќа по редовната цена плус 50 проценти пенали, додека за дивоградбата над 80 метри квадратни ќе треба да се плати редовната цена плус 100 посто пенали.
Ова се само дел од новините во новиот предлог закон за легализација на дивоградби кој помина на владина седница и е испратен во Собрание.
Дополнително како што информираше министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во строго заштитени подрачја нема да може да се легализираат дивоградбите. Колкав е вкупниот број на дивоградби односно дали има регистар на дивоградби Бочварски рече дека немаат но сепак предлог законот е испратен во Собрание.
Дивоградбите кои се изградени на Попова Шапка исто така ќе може да се легализираат, рече министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.
Претходно, Комората на овластени архитекти и овластени инжинери побара овој предлог закон да не се проследува во собраниска процедура бидејќи истиот според Комората е во спрега со многу законски регулативи кои ја регулираат градбата, но и дека ќе биде на штета на правната држава и јавниот интерес.

