Ќе се крене ли европската рампа за Македонија?
Ќе ги отвори ли Европскиот Совет вратите за патување во Унијата или и овој месец Македонците ќе останат само со желбата за туризам? На листата непожелни земји Македонија веќе со месеци тапка во место, а граѓаните, додека сонуваат за море, се сончаат дома.
Леа Феферле портпарол на германско претседателство со Европски Совет за тв 24 вели дека Брисел ќе пресече денеска. По вчерашниот состанок на КОРЕПЕР или амбасадорското тело на ЕУ , во Советот, во моментот се уште се координираат.
- Европскиот совет ќе излезе со прес конференција подоцна во текот на денот. - вели Леа Феферле портпарол на германско претседателство со Европски Совет.
- Денеска ќе се се одлучи што понатаму?
- Токму така, во моментот има писмена постапка. Кое време да ја очекуваме одлуката ? Не знам, би требало да биде во вечерните часови.
Повикувајки се на се високи извори од Брисел, српската агенција Танјуг, објави дека амбасадорите на земјите членки на ЕУ нема да го ажурираат досегашниот список на држави на кои им е доволено патување во Унијата. Според нив, оценката на амбасадорите е дека епидемиолошката состојба во земјите од Западен Балкан е доволно лоша, поради што само се потврди и од претходната одлука.
Вообичаено списоците се ажурираат на секои две недели , но токму во месец август Европските институции одат на колективен одмор, така што по денешната одлука сосема јасно е дека истата ќе важи и за цел месец август.
На листата на безбедни земји во кои ковид-19 се смета дека е под контрола и кои може да патуваат низ метрополите на земјите членки на Унијата се Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тунис и Уругвај.
Македонија, најверојатно, ќе почека некои подобри и поодговорни времиња, за да се измеша со европските граѓани и да ужива во убавините кои ги нудат 27 земји - членки на Унијата.