Ќе се комплетира ли конечно Уставниот суд – прва задача на пратениците по летните ферии

Пратениците од утре се враќаат во собраниските клупи. Иако се уште не се закажани седници сепак се очекува кординација кај претседателот на собранието Џафери со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи. По годишниот одмор од Илинден до Богородица она што претстои е полни раце работа како на пленарните седници така и на комисиите. 

И натаму еден од приоритетите останува изборот на уставните судии на комисијата за избори и именувања со цел да се пополнат испразнетите места во Уставен.  

Според најавите од пред одморот се очекуба да бидат закажани и продолженијата на веќе започнатите седници. Првата нова седница која ќе треба да ја свика  Џафери барем според последните информации кои беа споделени од средбите со новинарите би требало да биде свикана околу 13 ти септември. Собранискиот информатор за сега и натаму е без закажани седници.

Во фокусот на јавноста секако се и уставните измени за кои се уште нема официјалнои информации кога ќе се случат а и собранискиот спикер Џафери на последната средба со новинарите посочи дека е прерано да се дискутира за тоа.

Сепак  за сега останува оптимизмот и очекувањата на владата и премиерот дека сите пратениците треба да бидат свесни за потребата од овие измени кои според нив земјата ја носат чекор поблиску до ЕУ наспроти тврдењата на опозицијата дека нема да ги  поддржат. 

Во јавноста изминатиот период станаа актуелни и шпекулациите за евентуалната реконструкција на влада, но во официјалниот допис до ТВ 24 од Илинденска број 2 денеска ги отфрлија овие информации како не вистинити.

„Сите гласини за реконструкција на Владата се шпекулација .Владата е целосно функционална и фокусирана на реализација на програмата и задачите што се во насока на натамошно јакнење на стандардот на граѓаните растот на економијата и остварување на надвоешно- политичките цели. Истовремено Владата постојано работи на унапредување на своите капацитети за постигнување на целите.“

Во меѓувреме и натаму остануваат партиските неусогласувања околу потребата од предвремени избори кои опозицијата ги бара но се уште нема поднесено предлог за распуштање на Собранието додека пак а власта тврдеше дека ќе бидат во регуларниот термин во 2024.

Сите овие теми навестуваат дека на повидок е уште една жешка политичка есен.