Ќе се „чешлаат“ сите фабрики за производство на марихуана

Владата даде зелено светло за проверки во сите правни субјекти коишто се занимаваат со одгледување марихуана и производство на масло од канабис. Ова доаѓа откако беше запленета над 40 тони марихуиуана за која што институсциите освен што велат истрагата е во тек, не откриваат никакви детали. 

За премиерот Христијан Мицкоски, не се исклучува можноста запленетата марихуана да стигне и до 100 тони. Мицкоски потенцира дека во период кога се издавале лиценци министер бил Венко Филипче, а проблемот го лоцира во Правилникот. Инфорамцијата на Тв 24 дека се истражува дали марихуаната ја поминала македонската граница како пломбирана роба, за премиерот е непозната.

Христијан Мицкоски-претседател на Влада на РСМ

„Не, немам такви информации. Може да претпоставите дека во одреден период таму министер е Венко Филипче. Лиценците се една работа, а втора работа е што е донесен Правилник кој е по правно ниво подзаконски акт со којшто се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува гмп нормите. Логично е дека со неговото користење или со процесот на екстракција, маслото кое се произведува не може да биде лиценцирано и да се најде во продажба. Било јасно и на тие што го носеле тој Правилник.“

За претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче владејачката ВМРО-ДПМНЕ прави дефокус со тоа што оттаму го обвинуваат  дека тој има врска со шверцуваните пет тони марихуана. Вели дека оној кој постапил спротивно на законите треба да одговара. Тврди дека Валдата молчи за клучните прашања кој дозволил пет тони канабис да помине граница. 

Венко Филипче-претседател на СДСМ

„Гледајте тоа што оваа власт прави цело време е дефокус. Нема одговор како таа дрога ја поминала границата. Покрај сите гранични служби, царина, полиција, кој бил таму надлежен, ги гледале ли пратките, барале ли документи..Тоа се три камиони, шлепери, четири колку се за да поминат пет тони дрога. Каква врска може да имам јас со шверц на пет тони дрога преку граница? Приказни за мали деца.“    

Институциите испитуваат дали марихуаната роба тешка 5 тони ја поминала македонската граница како пломбирана роба. Извори од истрагата за Телевизија 24 велат дека марихуаната, пломбираната роба не била проверена на царина, а во документите бил заведен сосема друг производ. Од Царината за Тв 24 само кусо порачаа дека работат со институциите. 

Додека се води истрагата за преминувањето на петте тони марихуана од земјава кон Србија и за тоа како никој не ја забележал, во струмичко Ново Село викендов беше запленета марихуана над 30 тони.

Според извори од истрагата наводниот реален сопственик на ЦБД Медплант, Тони Котев, поранешен претседател на огранокот на СДСМ во Ново Село не се исклучува да добие статус на осомничен. БИРН објави дека косопственик на  фирмата во валандовско „Грин лајф“ е главниот осомничен, Александар Мијајловиќ која засега не се појавува во информациите за истрагите на македонската и на српската полиција, ниту во мрежата на канабис-производители од кои МВР викендов соопшти дека се запленети околу 40 тони канабис.