Ќе продолжат ли разговорите Скопје – Софија?
Барањата од официјална Софија кои беа изнесени и на вчершната средба помеѓу претседателката Гордана Сиљановска Дафкова и бугарската претседателка Илијана Јотова не се ништо ново и непознато но се сосема различно од тоа што премиерот Мицкоски го разговарал со германскиот канцелар Мерц и францускиот претседател Макрон. Премиерот и денеска коментирајќи ја сребата меѓу Сиљановска Дафкова и Јотова вели не е изненаден од бугарските позиции оти тие не биле нови но вели и натаму е оптимист за евроинтеграциите по разговорите кои ги имал со Макрон и Мерц . На новинарско прашање од кај го црпи оптимизмот ако владата не планира уставни измени само кратко додаде дека ова се духовити прашања .
Од опозициската СДСМ пак денеска на оваа тема само додаваат
СДСМ: Не поминува веќе ни „бугарското прашање“. На граѓаните им е јасно дека внесувањето на малцинствата во Уставот не е бугарско, туку е европско прашање. Ние преговараме со ЕУ, а не со Бугарија.Историската комисија нема врска со пристапните преговори со ЕУ и тоа граѓаните сега го знаат.
По вчерашната средба на ниво на двете претседателки во изјавата Сиљановска Дафкова посочи дека процесот на проширување на европската унија мора да се темели на копенхашките критериуми, а напредокот во спроведувањето на реформите да го диктира темпото на пристапниот процес.
На средбата била констатирана и потребата од почести средби и разговори за тешките и посериозни прашања а бугарските медиуми го пренесуваа и соопштението од кабинетот на Јотова во кое се наведуваше дека Бугарија очекува од Македонија да ги исполни европските критериуми за членство во Европската Унија. .Јотова нагласи дека ова се европски критериуми за членство, а не бугарски барања. За да започне преговори, Скопје мора да ги исполни своите обврски со вклучување на Бугарите во Устав .
Во разговорот учествуваа и бугарската заменик-министерка за надворешни работи Иванка Ташева и македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски. Од македонска страна беше посочено дека во фокусот на разговорите биле проблемите во билатералните односи, поврзани за македонската евроинтеграција.

