Ќе поскапи ли струјата, РЕК Битола не е подготвен за грејната сезона
Се наоѓа ли земјава пред ново поскапување на струјата? Негативен одговор на ова прашање денеска немаше од најповиканата - министерката за енергетика Сања Божиновска.
Таа ја потврди лошата состојба на РЕК Битола, кој зимава ќе работи само со два блока и вели дека се надева оти нема да има зголемување на цената. Сепак, притискаат долгови, за кои министерката тврди дека им ги оставила претходната Влада.
Парите кон ЕВН нема да се враќаат веднаш. Но, проблем е и дупката на ЕСМ од 80 милиони евра, невратените 14 милиони евра кон МЕПСО од фирмата на синот на Муса Џафери и И покрај тоа, иако не потврди, Божиновска навести дека земјава ќе се задолжи кај домашните банки, пред се, за да се купи струја за подолг период, но и јаглен и гас. Домашните производни капацитети не се подготвени за зимата, нема вода за хидроцентралите, ниту квалитетен јаглен за термоцентралите, тврди Зоран Коњановски од раководството на РЕК Битола.
За ова, и тој ја обвини претходната влада.
За разлика од министерката Божиновска, нејзиниот шеф, премиерот Мицкоски вчера рече дека иако очекува тешка енергетска зима, оптимист е дека без проблеми ќе се справиме со кризата. Дали ќе има корекции на цената на струјата ќе знаеме пред Нова година.