Ќе поскапи ли драстично струјата од јануари?
Ако Европската унија не го пролонгира рокот за користење на јагленот при производството на електричната енергија, сметките за струја за домаќинствата од јануари драстично би се зголемиле. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вели дека Европската унија мора да биде толерантна за Македонија бидејќи земјава според него направила многу во однос на зелената агенда. Бислимовски додава дека со овој проблем се соочуваат сите држави од регионот. Последниов период претставници на повеќето влади од Балканот преговараат со челниците на унијата, обврската за откажување од Термоелектраните да се одложи на барем пет годдини.
Марко Бислимовски Претседател на РКЕ
„Тоа ќе биде сериозен удар не само за елкектро-енергетските компании кои што произведуваат електрична енергија, туку за целокупната економија. Верувам дека ќе се најде соодветно решение и дека сетоа ова ќе биде одложено, бидејќи навистина треба да ни се остави простор на нас како земја да ја имплементираме таканаречената зелена агенда. Македонија покажува зависни резултати, во 2024 - 55 проценти од инсталираниот капацитет за производство наелектрична енергија е од обновливи извори на енергија.“
Ваквата обврска која ја бара Европската унија може нефативно да влијае и врз македонската економија. Доколку политички не успееме да го пролонгираме рокот за користење на фосилните горива, сите производи кои се извезуваат во Европа ќе добијат повицока царина биодејќи се произведени со електрична енергија произведена од јаглен. Со тоа македонските производи од страт ќе ја изгубат конкурентноста на пазарот.
Марко Бислимовски Претседател на РКЕ
„Македонија е земја со резерви на јаглен кои што, да се со полош квалитет и тие се намалуваат ние веќе увезуваме јаглен, но тоа што го имаме наш јаглен треба да ни се даде можност да го користиме се разбира до еден разумен рок, за да може да се изградат когеративни постројки или гасни електрани кои би ја замениле оваа базна енергија кои ни ја даваат термо електраните од јаглен. “
Лани над 50 отсто од струјата беше произведена од обновливи извори, односно, од сонце, ветер и вода, 34 отсто од термоелектраните а нешто над 20 отсто од гасните електрани. И самите држави од ЕУ кои користат фосилни горива плаќаат пенали бидејќи со користењето на јагленот ја загадуваат животната средина. Но Бислимовски вели, истите тие држави добиваат и финансиска помош од фондовите на ЕУ.
Во меѓувреме, регулатотор ги чека понудите на енергетските компании за одредување на тарифите за пренос на електричната енергија. До декември пак, и ЕВН треба да го распише тендерот за елекрична енергија со која ги снабдува домаќинствата. Регулаторот е убеден дека доколку се одложи обврската на ЕУ за јагленот, нема да се случат ценовни турбуленции за крајните потрошувачи.

