Ќе попушти ли инаетот на партиите за изборниот законик?!

Штета што опозициските партии не го искористија и вчерашниот обиод за постигнување договор за изборниот законик вели премиерот Мицкоски иако на маса им било  понудено и прифатено се што бараа освен да се исклучи гласањето на дијаспората кое и натаму останува камен на сопнување иако како што додаде премиерот биле спремни да се најдат и различни модули за да се уважи и слушне гласот на дијаспората на следните претседателски избори 2029та.

Сепак вели наспроти тоа партиите дошле со уште порадикални барања. Опозициските партии пак и денеска остануваат на своите ставови откако СДСМ посочија дека останува спорно за нив електронското гласање на дијаспората и се сомневаат дека тоа води кон  изборен грабеж.

СДСМ 

- Нема никаква причина за вакво брзање, освен намерата однапред да се отвори простор за изборни манипулации. Наместо аргументи, ВМРО бега од одговор на клучните прашања – зошто инсистира на електронско гласање без соодветни гаранции, зошто граѓаните во дијаспората ги става во ризик од сомнежи за злоупотреби и зошто воведува двојни аршини за гласањето“.

Од Левица пак обвинувањата на премиерот на нивна адреска ги отфрлија а во денешната реакција наведуваат:

Левица 

- Не се точни изјавите на Мицкоски дека нашите барања во Работната група за измена на Изборниот законик биле целосно прифатени. Напротив, нашите барања беа пред сѐ, една изборна единица и укинување на платеното политичко рекламирање и беа одбиени. Во текот на целиот процес за подготовка на Изборниот законик во Работната група, Левица беше конструктивна, целеше кон консензус и имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Пред неколку дена и  евроамбасадорот Рокас изготвеното законско решение го оцени како добро и ги повика партиите да на консензус бидејќи токму изборниот законик е дел од реформската агенда и дека во грејс периодот од десет би биле исполнети 9 ипол чекори. Сепак за сите вкупно 51 чекор од реформската агенда  Европската комисија ќе треба да даде оценка за напредокот во септември по летните одмори.