Ќе обезбеди ли повторно власта двотретинско мнозинство за измените во Уставот?

Амандманите за измени во Уставот влегуваат во втората половина од процесот. По втората фаза следува петдневна јавна расправа па филтер во Комисијата за уставни прашања.

За средината на јануари е предвидена клучната расправа во Законодавниот дом, а албанските опозициски партии веќе наговестија за амандмани на амандманите со кои бараат слух од власта за нивните барања.

Од ВМРО-ДПМНЕ неофицијално велат дека нема да учествуваат со амандмани бидејќи процесот го сметаат за нелегитимен, додека пак дел од експертите оценуваат дека бројката во финалната фаза ќе се зголеми со нови пратенички гласови.

„Оптимист сум, после сите овие случувања во последно време има шанса и да се зголеми тоа мнозинство, а не да се смали. До финалното затварање на Уставот треба просто мнозинство“ - вели аналитичарот Алберт Муслиу.